Neopozivu ostavku Vlade Makedonije

Mozes Solomon
Autor ove peticije

/ #2

2015-03-09 18:08

Европскииот и ромски патувачки форум (ЕРТФ) реагира на последната „бомба“ на СДСМ, во која беше објавен разговор, за кој Заев тврди дека е на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во кој се договара наместено гласање на Ромите за избори и подмитување со вреќи брашно.

„Како никогаш претходно, состојбата со правата на Ромите во Македонија не доживеала толку голем чекор наназад, како што тоа е случај сега, по објавувањето на последните разговори. Но, исто така, како никогаш претходно, со тие објавени телефонски разговори, конечно стана јасно зошто напорите за поголема вклученост на Ромите во Македонија доживува целосен неуспех и покрај многубројните обврски што државата ги има преземено во тој дел“, се вели во соопштението.

Од Европски и ромски патувачки форум додаваат дека станува јасно дека државните органи што за сите граѓани треба да обезбедат еднаков пристап до правата и слободите гарантирани со закон и Устав, се всушност управувани од лица што за Ромите сметаат дека се само граѓани од понизок ранг и инструмент за злоупотреби во време на избори.

„Сега е и јасно зошто толку лесно државата насилно, незаконски и спротивно на Уставот постапуваше со Ромите во случајот со така наречените – азиланти, кога илјадници Роми беа дискриминирани од граничните служби на Македонија“ се наведува во соопштението.

Конечно, стана јасно, велат од ЕРТФ, дека Ромите од Македонија мора многу поцврсто и целосно самостојно да се изборат за еднакви права и подобар статус во сопствената држава. Правото на Ромите да уживаат исти слободи и еднаков статус со сите други етнички заедници во државава не е и не може да биде во ничија сопственост. Затоа, никој нема право тоа да го „нуди и ветувa“, а уште помалку истото да го оневозможува.